Што беше нормално во 90-тите, а ни изгледа чудно денес

0

Понекогаш сме носталгични за деведесеттите. Тоа беше една деценија на поедноставни времиња, на крајот на краиштата, кога не бевме залепени за нашите паметни телефони, а облеката што не беше сосема соодветна беше кул.

 

  1. Помнење телефонски броеви

Во деведесеттите години, мораше да запишете или да запомните важни телефонски броеви. Денес? Тоа е само чудно. Сега, ако кажете некому дека го помните неговиот број, тоа прави да изгледате како да сте опседнати со него.

  1. Ѕвонење на луѓе, воопшто

Се сеќавате на времето кога пораки не се пишуваа, туку всушност се јавувавме?

 

  1. Борба за кој да го користи телефонот, а кој интернетот

Сите ние се сеќаваме кога моравме да истераме некој член од семејството од интернет, за да можеме да се јавиме некаде на телефон.

 

  1. Снимање песни на касети

Времето кога чекавме да ја пуштат омилената песна на радио за да можеме да ја снимиме на касета. Какви времиња!

  1. Туркање луѓе во базен

Во раните 90-ти кога мобилниот телефон не беше толкава грижа, туркањето на луѓе во базен беше смешен трик. Но сега ако го направите тоа, најверојатно ќе му должите повеќе од 500 евра на тоа лице.

 

  1. Пушење во ресторани

Многу ни е драго што пушењето во ресторани е нешто од минатото.

 

  1. Плаќање со чекови

Кога беше последниот пат кога видовте некој да плаќа во маркет со чекови?

 

  1. Немаш како да кажеш доколку доцниш

Во деведесетите немаше начин да го известите пријателот дека ќе доцните, ако и двајцата веќе сте ги напуштиле своите домови.

 

  1. Користење мапа

Понекогаш е тешко да се поверува дека луѓето можеа да се движат без помош на корисен „GPS“ систем, но физичките патни карти беа целосно прифатлив инструмент кој се користеше за навигација во 90-тите години.

 

  1. Ѕвонење на врата од домот на вашите пријатели

Појавување пред вратата на пријателите ненајавен за да ги прашате дали сакаат да излезете е нешто што ќе остане во 90-тите. Сега мора да направите планови однапред.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com