Шпанскиот илузионист за малку ќе потонеше во вода изведувајќи трик

0

 

Шпанскиот илузионист Педро Волта едвај преживеал, додека изведувал опасен трик во сад наполнет со вода на еден од плоштадите во Мадрид. Тој се обидувал да го повтори трикот на познатиот Худини – да излезе од сад полн со вода. Меѓутоа, во текот на изведувањето на трикот, нешто не било како што треба, Волта почнал да се грчи, обидувајќи се да излезе.

Публиката мислејќи дека тоа е дел од трикот, продолжиле да го гледаат. За среќа на Волта, некој од гужвата разбрал дека нешто не е во ред со илузионистот. Тој го извлекол илузионистот на воздух, кој извесно време веќе бил несвесен.

Откако се соземал, Педро изјавил дека еден од теговите, го отежнувал движењето на неговата рака.

Во моментов, животот на илузионистот веќе не е во опасност.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com