Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Шест работи во домот кои се ризични по нашето здравје

0

Кога ќе поставиме прашање кои се најчестите работи од кои можеме да се заразиме, одговорите кои најчесто ги добиваме се: Јавните тоалети, хигиената во рестораните, јавниот превоз, но во нашиот дом има неколку работи кои собираат и пренесуваат бактерии кои се опасни по нашето здравје.

1.Фрижидерот е еден причинител на бактериите, поточно станува збор за полиците во него, каде што стои најголемиот дел од храната. Млекото или сокот  кои претекле може да соберат мувла која ќе допре до вашата здрава храна. Така се создава легло на бактерии кои се опасни по вашето здравје.

За ваше добро премијте се што сте купиле пред да го ставите во вашиот фрижидер.

  1. Чаршафот на кој спиете, наутро кога станувате не го прекривајте, оставете го да се исуши од влажноста за да не се намножат паразити.
  2. Блендерот кој сите ние го користиме за да се храниме здраво, исто толку може да ни наштети. Сечилата на блендерот собираат течности кои се претвораат во страшни бактерии. Се препорачува по секоја употреба сечилото од блендерот да се стави во жешка вода и потоа убаво да се измие.

4.Мувлата ни е многу добро позната и ја забележуваме кога ќе се појави. Таа најчесто се појавува на дрво, тапети, гипс-табли. Таа предизвикува алергии, може да дојде и до влошување на лицата со астма. Ако почнете да кивате и кашлате побарајте помош од експерт за да се спасите од мувлата во домот.

5.Греењето ја суши влажноста на очите, тоа може да предизвика инфекција. Исто така може да предизвика кашлица бидејќи го суши вашето грло. Ако во вашиот дом температурите во собите се различни тоа може лошо да влијае на вашето здравје – секојдневна нагла промена на топло/ладно, ќе се одрази на крвотокот на срцето. Набавете си навлажнувач за воздух и пробајте температурата рамномерно да ја распоредите.

6.Правосмукалката може да ви предизвика сериозен проблем, алергии и заболувања на дишните патишта. Чистете ја правосмукалката редовно за да го заштите своето и здравјето на семејството.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com