Шест пара панталони на Ед Ширан беа ставени на продажба за добротворна аукција

0

Музичарот донираше повеќе од 300 предмети за „Зист“, бренд започнат од добротворната организација Сафолк Св. Елизабет Хоспис.

Фановите беа во можност да видат околу 150 од личните работи кои беа ставени на изложбата во неговото старо училиште, „Томас Милс“, пред продажбата на 10-ти ноември.

Добротворната организација објави дека е „воодушевена“ од „великодушната“ донација на пејачот.
Предметите вклучуваат слики, потпишана гитара, џемпери, фудбалски дресови, чевли и боксерки.
Постојат и модели од Лего коцки, еден е изграден од лицето на пејачот и уште еден модел од пејачот пред операта во Сиднеј.

Рејчел Бексхол, директор за генерирање приходи и маркетинг во Св. Елизабет Хоспис, рече: „Ед Ширан и неговото семејство се неверојатно дарежливи да ги донираат сите овие предмети“.
Неодамна беа собрани повеќе од 8.000 фунти во Источна Англија, кога Ширан донираше повеќе од 100 предмети за онлајн аукција, вклучувајќи го и тапанот на кој пејачот свирел како тинејџер се продал за 2.650 фунти.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com