Шерил Кол се враќа на музичката сцена

0

Шерил Фернандез-Версини, позната како Шерил Кол, по четиригодишна пауза од музичката сцена, повторно се враќа. Откако се раздели од поранешната ѕвезда на поп групата „Уан дајрекшн“ Лијам Пејн и стана мајка на нејзиниот син Беар, 35-годишната пејачка немаше доволно време да се посвети на музиката. Обожавателите на англиската пејачка во неделата забележаа промена на нејзиниот инстаграм профил. Шерил објави нејзината слика, а под неа остави хаштаг на нејзината нова песна – #LoveMadeMeDoIt.
Нејзиниот нов соло албум е наменет да предизвика шок, бидејќи таа, наводно, ќе пее за нејзината разделба од 25-годишниот пејач Лијам Пејн, како и за нејзините други поранешни љубовници. Сите песни се напишани од срце и ќе покажат нова страна на пејачката која што не ја знаеме, а нејзините фанови едвај чекаат да ја дознаат.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com