Шеик барал 26 состаноци со познати ѕвезди од Боливуд па се попишманил

0

50- годишниот шеик Хамад Иса Али ал-Калифа е обвинет во тужба вредна 45 милиони долари од судот во Лондон. Членот на кралското семејство на Бахреин е обвинет за нарушување на договор со египетски бизнисмен, кој му организирал на Хамад, серија ексклузивни состаноци со ѕвезди од Боливуд.

Египетскиот бизнисмен Ахмед Адел Абдалла Ахмед, од клиентот добил долг список од 26 познати личности, во кој беше и ѕвездата на филмот „Сиромавиот милионер“ Анил Капур и победничката на натпреварот “Мис на светот – 1994” Ајшварија Рај. За секој 15-минутен состанок кој беше планиран да се одржи во хотелите во Индија и Дубаи, шеикот бил спремен да плати 1,4 милиони долари. Но, дури и на шеикот му изгледало тоа многу и по четвртиот состанок тој решил да откаже од договорот, исплаќајќи му на организаторот само 3 милиони долари.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com