Шарлиз Терон: „Моето дете за кое мислев дека е момче – е девојче“

0

Нејзиниот 7-годишен син носи фустани, здолништа и плетенки, а Шарлиз вели дека тој е подеднакво девојче како и нејзината помала ќерка.

Актерката Шарлиз Терон има уникатен пристап кон родителството. Таа своето постаро дете 7-годишниот син Џексон, кој е посвоен како бебе и е момче, го одгледува како девојче.

Со години фотографите го ловат Џексон како шета во фустани и здолништа со долга коса во плетенки, а Шарлиз вели дека тој е подеднакво девојче како и нејзината помала ќерка.

Шарлиз во едно неодманешно интервју проговори на темата:

Да и јас исто така мислев дека е момче. Сè додека на 3-годишна возраст не ме погледна и не ми кажа: „Јас не сум момче“. Па, ете, сега имам две прекрасни ќерки, кои како и секој родител сакам да ги заштитам. Тие се родени такви какви што се и како ќе израснат во овој свет и што сакаат да бидат, не е мое да одлучувам. Мојата работа како родител е да ги славам и да ги сакам и да се осигурам дека имаат сè што им е потребно за да бидат тоа што сакаат да бидат. И ќе сторам сè што е во моја моќ за моите деца да го имаат тоа право и да бидат заштитени. Можеби мојата мајка е виновникот за тоа. Јас пораснав во земја каде луѓето живееја во полу-вистини и лаги и шепотат и никој ништо не кажува директно што мисли, а јас бев воспитана спротивно од тоа. Мајка ми ме учеше дека треба да зборувам отворено и кога животот ќе дојде до крајот да знам дека сум живеела во вистина, да ми биде пријатно и дека ништо негативно не може да излезе од тоа“.

Шарлиз имала тежок живот на фарма во Јужна Африка, измачувана од таткото алкохоличар кој редовно ја тепал нејзината мајка Герда.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com