„Шанел“ нема да користи кожа од егзотични животни

0

На забранетата листа на брендот „Шанел“ се најдоа кожа од крокодил, гуштер, змија и ража. Како и крзното, кое Шанел веќе долго време не го употребува.

Претседателот на „Шанел“ – Бруно Павловски, објасни зошто се одлучиле за ова – „употребата на овој вид материјал, не ги почитува етичките стандарди“. Поради оваа причина, брендот Шанел,  планира да се фокусира само на вештачка кожа. Парчињата од природна кожа, кои уште се наоѓаат на полиците во бутиците Шанел не планираат да ги повлечат, но тие едноставно планираат повеќе да не ги произведуваат.

Брендот „Шанел“ веќе почна да произведува посебна волнена ткаенина – твид, која што не е обична ткаенина и многу тешко може да се ископира.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com