Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Читањето на овие пет книги ќе го промени вашиот живот

0

Кога Ворен Бафет бил запрашан која е тајната на неговото богатство и успех, тој открил дека читал по 500 страни секој ден. За жал, ако веќе работите од 9 до 17, можеби немате толку многу време за читање. Но, што ако би можеле да ги искористите придобивките од читањето без да го жртвувате целото свое слободно време? Тоа дефинитивно е возможно, со иновативните апликации како „Blinkist“, кои овозможуваат скратени увиди во содржината на книгите. Исто така, достапни се и аудио верзии. Во продолжение ви претставуваме пет најчитани книги за самоусовршување.

  1. „Thirteen Things Mentally Strong People Don’t Do“ од Ејми Морин

Дали имате проблем со надминувањето на сопствените неуспеси? Или им давате преголемо значење на нештата кои се надвор од вашата контрола? Преминувањето на овие пречки може да има големо влијание врз вашиот секојдневен живот. Морин споделува како нејзините најуспешни пациенти со терапија ги надминаа овие тешкотии.

  1. „How to Stop Worrying and Start Living“ од Дејл Карнеги

Некогаш сте се запрашале зошто не можете да престанете да се грижите за нешто? Без разлика колку се трудите да не биде така, дали сте фиксирани за истото прашање? Со дефинирање на изворот на вашиот стрес, можете да го надминете еднаш засекогаш. Карнеги излезе со безвременска формула која ви помага да се справите со било која ненадминлива ситуација.

  1. „How Will You Measure Your Life“ од Клејтон М. Кристенсен, Џејмс Алворт и Керен Дилон

Дали ги правите вистинските избори во животот? Додека кариерните постигнувања можат да носат огромно задоволство, запоставувањето на вашето семејство и пријателите може да биде штетно на долг рок – на начин што не можете ни да го замислите.

  1. „Finding Your Element“ од Кен Робинсон

Секој има страст за нешто во животот. Ако не знаете која е вашата, тоа само значи дека сѐ уште не сте ја откриле. Или можеби сте ја откриле, но сте ја отфрлиле уште пред да почнете да се трудите да го остварите својот сон. Дознајте како можете да се ослободите од строгите правила на општеството и да се пронајдете себеси.

  1. „Emotional Intelligence“ од Даниел Голман

Најверојатно им дозволувате на чувствата да го заматуваат вашето мислење почесто отколку што сте свесни за тоа. Голман објаснува како можете да избегнете да им дозволите на вашите чувства да ве совладаат и да донесувате подобри одлуки во животот.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com