Чешка и Словачка се обединуваат во прославата

0

Викендов Прага ќе биде централната локација за одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Чехословачка. Германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон и американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис токму по тој повод пристигнаа во Прага.

Културно блиските словенски народи, Чесите и Словаците ги здружија своите сили на 28 октомври 1918 година за да ја создадат Чехословачка, земја што изникна од австро-унгарскиот пепел после Првата светска војна. Прославата ги преполни улиците на чешките и словачките градови, каде што пред сто години беше прогласена сувереност и  отргнување од тривековната окупација од страна на Виена.

Австрија ги освои чешките земји по битката кај Белата планина во 1620 година, како дел од Триесетгодишната војна, со што заврши бунтот на чешки протестанти. Со воведување на австриската власт, беше воведена принудена германизација и враќање во католицизмот. На крајот од 18 век, во Чешка и Словачка, која тогаш се наоѓала под унгарска доминација, започнало движење за лингвистичка, културна и политичка еманципација. На крајот од војната, тие ги убедија победничките сили на Велика Британија, Франција и САД да го одобрат создавањето на нова држава.

За време на Втората светска војна, нацистите ја поделија Чехословачка на два дела, но по завршување на војната, таа повторно беше обединета под советска контрола.

Денеска, како дел од прославата на стогодишнината на Чехословачка, ќе биде отворен Националниот музеј, кој се наоѓа на врвот на Вацлавски намести (Вацлавски плоштад), кој се реновира веќе седум години.

Утре попладне во северозападниот дел на Прага, ќе се одржи воена парада со повеќе од 4.000 војници. На неа ќе присуствуваат претседателите и премиерите на Чешка и Словачка.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com