Четиринаесет лица загинаа во трагедијата кај Карпалак – утре и задутре Ден на жалост

0

Премиерот Заев се огласи по несреќата вечерва на Карпалак откако заврши вонредната сеница.

– Тешка ноќ, немам зборови кои можат да бидат утеха за семејствата на загинатите. Сочуствуваме со загубата, државата тагува. Го мобилизиравме сите сили, вечерва Владата донесе одлука со која 14 и 15 Февруари се денови на жалост, вели Заев.

Автобусот се движел на релација Скопје-Тетово кај Ласкарци, а засега се неутврдени причините. Утре ќе ги има сите детали. Автобусот поминал на спротивната страна, поминал на регионалниот пат ипаднал во провалија.

– Интервенциите на сите институции беа брзи, вечерва за жал животите ги загубија 14 сограѓани, седум на лице место, 37 лица се хоспитализирани, а шест починале таму. Едно лице починало во Свети Наум Охридски. Едно лице е на домашно лекување – вели Заев.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com