Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

ЧЕСТВУВАЊЕ НА ВЕЛИКАНОТ НА МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО, АКАДЕМИК АНТЕ ПОПОВСКИ

0

 

Во организација на Здружението за култура ‘‘Македонски вознес‘‘,  во НУ Музеј на македонската борба за државност и самостојност, се одржа чествување на великанот на македонското поетско творештво, академик Анте Поповски. Низ богатата поетско-музичка програма водеше организаторот, поетесата Виолета Сековска, која на самиот почеток рече „Преку литературата, ние ја гледаме убавината на просторот во кој постоиме. За поетот секој камен, секое дрво, секое поточе, има своја историја и е потребно повторно и повторно да се оживее. Токму овој момент ние ги оживуваме песните на нашиот Анте, кои што се длабоки ризници низ кои може да се влезе со облагородено достоинство“.

Пригодна беседа во чест на поетот одржа  проф. д-р Виолета Ачкоска. Осврнувајќи се на авторовиот богат и разновиден творечки опус, д-р Ачковска посочи дека Анте Поповски со право се вредува меѓу најсјајните ѕвезди на македонското поетско небо. „Анте Поповски беше пример за тоа како се сака и љуби Татковината, а со се она што го остави зад себе на творечки и општествен план и безусловната предаденост на зброт наш жив македонски, тој одамна си обезбеди бесмртност и вечен спомен“, подвлече Ачковска.

Во продолжение на вечерта десетина поети, професори  и почитувачи на творештвото на Анте Поповски, говореа и читаа песни, создадени во најраните денови односно  во последната фаза од неговото творештво, кога и ги објави  своите капитални дела „Две Тишини“ и „Света Песна“.

Вечерта беше збогатена и со музичките точки на виртуозот на виолина Зоран Џорлев, односно на ученици од Музичко – балетскиот училишен центар „Илија Николовски – Луј“ во Скопје, под менторство на професорката по етно музика Гордана Тасева .

На сите учесници во програмата им беа врачени благодарници, по што Виолета Сековска на синот на Анте Поповски, Александар му врачи Златна плакета за творечкиот опус на Анте Поповски.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com