Чадиковски под сомнителни услови избран за нов претседател на ЗНМ

0

Со девет гласови повеќе од новинарот Столе Наумов, за нов преседател на Здружението на новинари на Македонија е избран Младен Чадиковски. За него гласале 86 а за Наумов 77 новинари и медиумски работници, објави Телма.

Симтоматично е што од вкупно 555 членови на Здружението присуствуваа само 175 а на пет дена пред изборот, беше забрането обновувањето на членството за новинарите иако такво нешто не е предвидено во Статутот. Управниот Одбор гласал по телефон за ваквата одлука на што имаше реакции дека одлуката е нелегитимна.

Иако се бараше одоложување на изборното собрание, досегашниот преседател Насер Селмани тоа не го дозволи. Не можеа да гласаат ниту  членовите кои имаа платено членство за наредните две години ама не се регистриртале до 13 часот како што бараше Селмани.

За разлика од изборот на Чадиковски, Селмани во првиот мандат беше избран во демократска атмосфера со право на глас за сите кои ќе се пријават, и на денот на гласање добиваа и членски книшки за да можат да го заокружат кандидатот.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com