Црн петок и за скопските возачи  

0

Како што соопшти сообраќајната полиција, 26 возачи биле казнети поради сообраќајни прекршоци, а 21 автомобил биле подигнати со “пајак” во петокот вонСкопје. За само четири часа, сообраќајната полиција отстранувајќи ги  непрописно паркираните моторни возила на улиците кои гравитираат околу ТЦ ,,Сити Мол“ во Скопје, успеала да го зголеми буџетот за над 3.000 евра.

Седум казни биле пишани поради паркирање на возила на коловоз, исто толку за оставање на автомобилот на тротоар и зеленило, а 12 возачи биле казнети поради тоа што своите автомобили ги паркирале на автобуско стојалиште.

Граѓаните од околните згради велат дека на нивните паркинзи можело да се видат автомобили со регистарски таблички од многу градови од нашата земја. Револтирани, велат дека им било потребно и до еден час да стигнат во своите домови.

Тие сметаат дека решение на ваквиот проблем треба да најдат општинските власти.

 

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com