Црногорците имаат најдобар хотелски базен во Европа

0

Најдобриот хотелски базен во Европа се наоѓа во Црна Гора. Високото признание му припадна на хотелот „Реџент Порто Монтенегро“ во Тиват. Така реши жирито составено од новинари од неколку светски престижни медиуми, а во конкуренција се наоѓаа базените на некои од водечките луксузни хотелски групации во светот.

Наградата е востановена пред 15 години, а за најдобрите хотели во Европа, Азија, Африка и Блискиот Исток решаваат 22 новинари кои го следат туризмот за познатите светски медиуми.

Годинешната церемонија на прогласување на најдобрите се одржа во дворецот Фериере крај Париз.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com