Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Цеца ја мина границата и запеа во Митровица

0

Иако беше најавено дека нема да може да ја помине границата, српската фолк ѕвезда Цеца Ражњатовиќ, сепак дојде во Косово да одржи концерт во Косвска Митровица. Цеца ги отпеа своите хитови заедно со насобраните граѓани.

Како што беше соопштено, таа со концерт им даде поддршка за протестите во Косовска Митровица со кои се противат на воведените такси од 100% за српските производи.

Цеца уште вчера за српските медиуми изјави дека не се плаши да отиде таму, и дека добила покана, која веднаш ја прифатила, затоа што долги години не била во Косово. „Само слогата Србите ги спасува“, порача Цеца пред заминувањето за Косово.

Концертот го обезбедуваа припадници на КФОР, а беа присутни голем број медиуми, меѓу кои и косовските.

 

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com