Хју Грант ќе глуми заедно со Никол Кидман во мистериозната нова серија на ХБО

0

Хју Грант ќе го игра сопругот на успешен терапевт кој изгледа дека е на врвот на светот кога нејзиниот живот се распаѓа. Актерот е одбран да глуми во The Undoing, серија во шест епизоди работена врз основа на романот на Жан Ханф Корелиц, „Требаше да го знаете“.

Никол Кидман ќе се појави како Грејс Сакс, њујоршки терапевт со успешна кариера и благословен личен живот – барем кога ќе започне нејзината приказна. Животот на Грејс станува полн со пресврти, од насилна смрт, па се исчезнувањето на нејзиниот сопруг Џонатан, кој ќе го игра Грант. Ова предизвикува Грејс длабоко да ја преиспитува состојбата на нејзиниот брак и колку навистина знае за нејзиниот сопруг.

Џонатан е претставен на почетокот на романот како љубен педијатриски онколог, грижлив татко и љубов на животот на неговата сопруга.

Улогата на Грант во The Undoing, за него значи за прв пат британскиот актер да игра главна улога во ТВ серија во САД.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com