Храна која помага во борбата со грипови и вируси

0

Кромид

Кромидот е богат со кверцетин, кој има лесно, но ефективно антихистаминско дејство поради кое ги олеснува симптомите на алергии, но, исто така, затнат нос кај вируси.  Богат е со пробиотик, па ги обновува и го зголемува бројот на добрите бактерии во цревата и желудникот заслужни за ефикасно варењето на храната.

Шитаке печурки

Меѓу ретките печурки кои содржат полисахариди или бета-глукан, кои, според истражувањето, имаат најсилен ефект врз имунолошкиот систем. Конзумирањето на овие печурки го поттикнува создавањето бели крвни клетки, како и моќта на нивното делување во борбата против патогените клетки.

Слатки компири

Тие содржат специфичен тип на т.н. складирани протеини, го поттикнуваат создавањето на бели крвни клетки – домаќин на здрав имунитет.

Маслиново масло

Содржи висока концентрација на омега-9 масни киселини кои го намалуваат нивото на холестерол и го зајакнуваат балансот помеѓу добриот (ЛДЛ) и лошиот (ХДЛ) холестерол. Тоа исто така содржи силни антиоксиданси – полифеноли, кои имаат благотворно дејство ако се консумираат секој ден, дури и во многу мали количини, кои го намалуваат стресот и ги зајакнуваат природните одбранбени механизми на организмот.

Чили пиперки

Го поттикнуваат проширувањето на крвните садови и го помагаат протокот на крв, што пак го намалува крвниот притисок и притисокот на крвта на ѕидовите на артериите, но, исто така, ја зголемува циркулацијата, со која во зимските денови многумина се мачат. Секој ден мешајте две лажички чили пиперки во топла вода со мед и консумирајте го.

Ѓумбир

Има аналгетски, смирувачки и антибактериски својства, и поради антихистаминското дејство исто така се користи во третманот на алергии, па без него борбата со вирусите и бактериите несомнено е потешка.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com