Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Хороскопски знак кој најмногу ги нервира останатите знакови

0

 

Секој хороскопски знак има некоја особина која иритира,на која сите му наоѓаат забелешка.Еден знак е специфичен по тоа прашање и речиси нема личност,која нема да искоментира дека ‘‘никогаш не сретнал покомплицирана личност‘‘.

Знаете ли кој знак ја носи оваа неславна титула ‘‘најиритирачка‘‘? Тоа е ДЕВИЦАТА иако и другите знакови имаат особини кои никому не им се по волја.Но, изгледа дека потребата на ДЕВИЦАТА да ја искомплицира и наједноставната работа на светот,ги надминала сите други.

Девиците многу сакаат да анализираат, а за време на донесување  на одлуките мораат да бидат запознати и со најситни детали.Непоправливи се,критични и премногу се грижат, а всушност токму тоа најчесто ги нервира оние кои се во нивно друштво.

Сакаат се да им биде во совршен ред, а ако им направите нешто лошо,бидете сигурни дека тоа никогаш нема да го заборават и ќе ја искористат секоја можност да Ве потсетат на неправдата која сте им ја нанеле.

Се разбира, ДЕВИЦИТЕ имаат и многу позитивни особини,поради кои на лицата во нивната околина речиси им се незаменливи,дури и кога ги нервираат.

Фантастично се снаоѓаат во стресни ситуации и под притисок, практични се, а своите грижи ќе ги задржат за себе и нема да допуштат со нив негативно на влијаат на другите луѓе. Силни се и снаодливи.

Инстиктивно го чувствуваат лошото расположение на другите луѓе и секогаш се подготвени да им помогнат.Никогаш нема да Ве поштедат од својата брутална искреност и токму поради тоа, секогаш знаете на што сте со ДЕВИЦАТА.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com