ХОРОСКОПОТ И УТРОТО

0

 

Утринскиот ритуал е многу значаен за почетокот на денот и треба да се прилагоди со Вашиот карактер.Какво е Вашето утро според хороскопскиот знак?

ОВЕН-Многу Овнови сакаат да вежбаат наутро.Сексот исто така не е лош избор.Не Ви треба многу време да се облечете,поради тоа не морате да станувате многу рано.Откако ќе се истуширате наутро подготвени сте за акција.

 

БИК-Кога ќе станете наутро не сте многу комуникативни,барем не до првото утринско кафе.Сакате малку време за подготовка,тоа Ви делува смирувачки.Премногу стимулација наутро може да Ви пречи пред сосема да се разбудите.

 

БЛИЗНАЦИ –Наутро сте многу комуникативни.Сакате да зборувате и да се вклучите на социјалните мрежи.Утрото за Вас е најдобро време за дружење со семејството и пријателите.

 

РАК-Не Ви се брза наутро да станете од креветот,но кога ќе станете се фокусирате на други личности,бидејќи сакате да се грижите за други.Исто така многу сте тивки наутро и сакате мирни утра.Денот започнете го туширање или купка пред да се фокусирате на други работи.

 

ЛАВ– Утрото не Ви е период од денот кога ќе заблескате.Тешко е да се разбудите наутро,многу сте комплицирани на свој единствен начин,но еднаш кога ќе го завршите утринскиот ритуал, се јавва Вашата забавна и креативна страна.

 

ДЕВИЦА-Им робувате на своите навики, со тоа што Вашите утра изгледаат прилично исто.Вежбањето наутро совршено Ви одговара,бидејќи сакате да имате задачи пред себе,кои можете да ги остварите, а исто така можете да направите листа н домашни работи, како изнесување на ѓубре, бришење прашина….

 

ВАГА-Сакате да бидете во близина на познати луѓе веднаш наутро.Ништо не правите набрзина.Дури и наутро се обидувате да изгледате најдобро што можете.Времето наутро го трошите на својот изглед, фризура, шминка.

 

ШКОРПИЈА-Желни сте за нови информации во секој момент и веднаш наутро сакате да ги дознаете сите новости што се случиле.Наутро не сте баш премногу расположени.Утринското вежбање не Ви паѓа тешко,па затоа практикувајте го.

 

ЈАРЕЦ-Не станувате веднаш од креветот кога ќе се разбудите.Сепак Јарците сакаат да стануваат секој ден во точно време,како би ги извршиле сите утрински задачи.Утрото,според Вашиот знак би требале да го започнете со некоја работа.Дисциплинирани сте и пред да излезете од дома сакате да завршите некоја незавршена работа.

 

ВОДОЛИЈА-Непредвидливи се и  не сакаат да им се зборува што да прават.За нив две утра не се исти.Некогаш сами се критикуваат бидејќи не се држеле до дневниот распоред.Вежбање наутро или спиење подолго изберете сами

 

 РИБА-Сакате да спиете.Да се прашувате Вие,би останале цел ден во кревет.Енаш кога ќе станете не  сакате да брзате.Сакате денот да Ви почне полека.Удобно и смирено,тоа е Вашето мото.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com