Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Хорор ефекти на брзата храна врз физичкото и менталното здравје

0

Најздравите оброци се оние што сами ги подготвуваме дома. Но за жал, многу често нашите зафатени распореди и исполнети денови, нè спречуваат да дојдеме до работи во кујната. Поради тоа, многу често конзумираме брза храна, која содржи многу конзерванси, адитиви кои се многу штетни за човековиот организам. Еве како консумирањето на брзата храна влијае врз вашето физичко и ментално здравје:
Предизвикува губење на меморија и деменција
Едно нешто што можеби не сте го знаеле за брзата храна е тоа што таа содржи високо количество шеќер и масти кои можат да доведат до губење на мозочната активност, забавување на менталниот развој, меморијата и во најлош случај до деменција.
Не дозволува да ја потисне гладта
Брзата храна како крофни, вафли, сокови содржи големо количество шеќери, што може привремено да ви даде повеќе енергија. Доколку најмалата желба за глад ја потиснете со брза храна, после брзо време организамот ќе ви бара порција која ќе содржи уште поголемо количество слатка храна.
Доведува до дебелеење
Кога ја губите способноста да ја контролирате вашата глад, тоа многу често доведува до зголемување на вашата тежина.
Најлошата епидемија предизвикана од индустријата за брза храна е значаен скок на килажата кај луѓето. Доколку ја погледнеме “нутритивната” вредност на брзата храна, можеме да забележиме дека доброволно дозволуваме да примаме прекумерно количество шеќер, заситени масти, масла и јаглехидрати.
Проблеми со дишењето
Доколку ја зголемите својата тежина, за кратко време ќе почнете да се задишувате дури при секојдневни физички активности, како што се качување по скали, одење до продавница. Истражувањата покажале дека децата на возраст од 15 години, кои консумираат брза храна најмалку три пати неделно, имаат поголема веројатност да развијат тешки респираторни болести како што е астмата.
Доведува до депресија
Погоре, објаснивме како брзата храна може да доведе до губење на меморија и во најлош случај, до деменција. Исто така, шеќерите и едноставните јаглехидрати си играат и со хемиската структура на вашите мозоци, што многу често може да резултира со депресија.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com