Хејли Болдвин ја следи Селена Гомез?

0

 

Жената на Џастин Бибер ги збудале фановите кога направи чекор со кој изгледаше како да сака да ја следи неговата бивша девојка.

Хејли на Инстаграм заследи фан профил на Селена Гомез. Сепак, таа за многу кратко се покајала и ја искористила опцијата на отследување на профилот.

Иако координаторот на фан профилот доцна забележал, сепак тој ги известил фановите за тоа што се случило, по што тие ги нападнаа социјалните медиуми со секакви коментари за младиот модел.

За среќа, Хејли веднаш му напишала порака на фан профилот, велејќи дека сето тоа било по грешка и се извинила, по што водачот на профилот ја објавил пораката јавно.

Очигледно социјалните мрежи се забавни, додека не направиме мала грешка што ќе не чини осудување од целиот свет.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com