Хејли Болдвин добива анксиозност на Инстаграм

0

Се чини дека целото внимание што го добива Хејли, уште откако ја потврди врската со Џастин  пред јавноста, многу ја погодува и затоа таа им се обрати на луѓето да престанат да судат за работите за кои не знаат ништо.

Емоционалната порака на Инстаграм на Хејли гласи:

-Тешко е да се фокусирате на вашата благосостојба и психичко здравје, кога секој пат кога ќе  отворите Инстаграм некој зборува лошо за вашата работа, вашата врска, или во суштина било која од работите во вашиот живот кои се позитивни. Јас едноставно не верувам дека ние сме родени да живееме живот во кој сме лесно изложени на секакви мислења од непознати луѓе  што немаат НИКАКВА врска со тоа. Треба да направиме чекор назад и да сфатиме дека треба да изразуваме повеќе љубов и охрабрување еден на друг, наместо постојано да ги уништуваме луѓето и да им судиме. И нема да дозволам луѓето да прават да се чувствувам како да правам нешто погрешно уживајќи во мојот живот.

Хејли исто така споделува дека овој вид негативно внимание е зошто таа го избегнува Инстаграм, велејќи: „Да не се биде на Инстаграм е најдоброто нешто досега. Секогаш кога ќе направам паузи од него, се чувствувам толку многу подобро, толку многу среќно како личност.. Во моментот кога се враќам веднаш чувствувам анксиозност, вознемиреност, тага… негативноста е толку гласна“.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com