Хаос во Мостар, тренерот изнесен на носила (ВИДЕО)

0

 

Застрашувачки сцени на дербито на фудбалското првенство на БиХ  меѓу Зрински и Сараево (2:2), што се одигра во Мостар. Она што требаше да биде дерби, се претвори во трагичен настан.

По последниот свиреж на главниот судија Владимир Бјелица, домашните навивачи разочарани од резултатот, бесот го истурија врз гостинските фудбалери и членови на стручниот штаб. Притоа најмногу настрада Мухамед Џакмиќ, помошниот тренер на Сараево, кого го погодија со тврд предмет во главата. Тој остана неподвижен да лежи на теренот, по што мораше да интервенира и брзата помош, но домашните навивачи не престанаа со дивеењето, туку фрлаа и натаму што им дојде до рака на теренот.

Во нивното дивеење не ги спречи  ниту фактот дека долу на теренот се наоѓаа и нивните миленици, играчите на домашниот клуб Зрински, ниту апелите и молбите токму на домашните играчи да се смират и да не му нанесуваат дополнителна штета на својот клуб.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com