Хамилтон, веќе видена приказна

0

Британецот Луис Хамилтон триумфално ја заврши оваа сезона во Формула 1, откако на последната трка, возена на патеката „Јас Марина“ во Абу Даби, стигна до нова победа, негова 11-та оваа сезона, а 73-та во кариерата.

Петкратниот Ф1 шампион Луис Хамилтон водеше од почетокот па се до самиот крај и со тоа на најубедлив начин ја заврши трката што ја затвори сезоната.

По него следуваа Рикардо, Ботас, Сајнц, бодови освоија уште Леклер, Перез, Грожан и Магнусен. Возачот на Мекларен, Фернандо Алонсо ја заврши кариерата во Формула 1 со освојувањето на 11. место во Абу Даби.

Втор во генералниот пласман заврши Себастијан Фетел, а третото место го зазеде Кими Раиконен. Во конкуренција за конструктори титулата ја освои Мерцедес, пред Ферари и Ред Бул.

Наредната сезона ќе биде отворена на 17 март 2019 година со трката во Австралија на „Мелбурн парк“.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com