Фотографијата на Сашо Ристевски избрана во 10 најдобри на фото-конкурсот на МИА

0

На фото-конкурсот што го објави Македонската информативна агенција (МИА) фотографијата на Сашо Ристевски, фоторепортер од Битола, се најде во 10 најдобри и беше изложена на отворената изложба на најдобрите.

Се работи за фотографија на Ристевски која е направена на претставата на битолскиот народен театар за време на “Шекспир фестивалот“ која се одржа ова лето.

Фото конкурсот МИА го организира по повод 20-годишниот јубилеј од основање, а изложбата беше организирана во Клубот на пратеници во Скопје, на свечена прославата на јубилејот.

Инаку, Сашо Ристевски до сега има десет самојстојни изложби и четири колективни, а учествувал на изложби во Австралија. Долги години работи како фоторепортер, а е сопственик и уредник на интернет порталот www.bitolanews.mk.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com