Форбс : Запознајте го Македонецот кој се бори против загадувањето на воздухот со апликација

0

Oва е насловот на веста за Горјан Јовановски, креаторот на апликацијата Мој воздух која на Скопјани им даде најдобар увид за квалитетот на воздухот во главниот град.

Според Форбс, македонските градови Тетово и Скопје се едни од најзагадените градови во светот во 2018 година со индекси на загаденост од 95.57 и 83.53.

Горјан Јовановски е софтвер инженер кој во 2014 година ја креираше апликација Мој воздух, која собира податоци од различни делови во Македонија. Според Горјан, популарната апликација меѓу Скопјани започнала како вебстрана, со што потоа станала апликација за полесен пристап до информациите од страна на граѓаните. Тој додава дека претходно ниту една платформа не овозможувала пристап на граѓаните до ваквите информации на јасен и разбирлив начин и тоа била неговата причина за креирање на оваа апликација.

Според него, луѓето воопшто не верувале дека е толку загадено. Граѓаните знаеле дека не е најдобро, но понекогаш е дури 20 пати повисоко од дозволениот лимит.

Мој воздух е даулоундирана од 100.000 корисници на Android и iOS платформата, а таа опфаќа податоци од околу 40 мерни станици низ Македонија.

Повеќе за Горјан Јовановски и апликацијата Мој воздух можете да прочитате на следниот линк.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com