Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Форбс ги именуваше најплатените рапери

0

Американскиот магазин Форбс деновиве ја објави листа на најплатени рапери. На листата нема многу изненадувања и на неа се најдоа Џеј-Зи, Дрејк, Пи Диди, Кендрик Ламар и други.

На прво место на листата беше сопругот на Бијонсе, раперот Џеј-Зи (вистинско име Шон Картер). Во текот на изминатата година, тој заработил 76,5 милиони долари.

Второто место на рејтингот на магазинот го зазема Пи Диди, чие богатство за една година се зголемило за 62 милиони долари. Првата тројка лидери ја затвора Кендик Ламар со 58 милиони долари.

Останатите на листата на 15 најбогати рапери на планетата беа распределени на следниов начин:

Дрејк (47 милиони долари);

Џ.Кол (35,5 милиони долари);

Др. Дре и Нас (по 35 милиони долари);

Питбул (32 милиони долари);

Фјучер (30 милиони долари);

Канје Вест (27,5 милиони долари);

Ди-џеј Халед (27 милиони долари);

Триото Мигос (24,5 милиони долари);

Еминем (23 милиони долари);

Ченс д Рапер (21,5 милиони долари);

Тревис Скот (21 милион долари);

Брдмен (20 милиони долари).

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com