Финансиска полиција поведе постапка против министерот за локална самоуправа Фазлиу

0

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против актуелниот министер за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и против неговиот претходник Лирим Шабани, за незаконска исплата на хонорари во износ од околу 37 илјади евра, објави ТВ 21.

Кривични пријави заработија и поранешна советничка во министерството за локална самоуправа, но и службеничка одговорна за спроведување на ИПА Оперативната програма помеѓу Македонија и Бугарија.

Иако редовно вработени во Министерството, двете службенички преку четири договори како дополнително ангажирани лица, добиле хонорари во вкупен износ од 2,2 милиони денари.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com