Финалната фаза на #Sustainablestorymk

0

 

Организаторите на осумнаесеттото издание на Моден викенд Скопје, продолжувајќи ја традицијата, отворија уште една нова иницијатива во Македонија.

-Овој пат тоа беше нашиот проект #Sustainablestorymk. Започнавме да ја раскажуваме приказната за одржлив дизајн, употреба на нулта-отпад и покажавме како од текстилен отпад се добиваат уникатни креации. Ви ги претставуваме фотографиите и видеото на кои можете да ја видите финалната фаза на нашиот проект, снимени во центарот на Скопје. На капсулните колекции изработени од текстилен отпад работеа осум млади дизајнери под менторство на дизајнерката Ирина Тошева и гостинките од Велика Британија односно талентираната дизајнерка Ана Скодбо која твори зад брендот „Phannatiq” и една од водечките британски стилистки Ребека Рој. Гостинките кои долго време работат на одржлива мода, на дизајнерите им предаваа за техниките за бавно производство, одржливи ткаенини, сертифициран органски памук, производство на нула отпад, вегански материјали и етички услови за производство – вели Марија Илиќ, ПР менаџер на Корпорацијата Модна недела.

Целиот проект го реализираше Моден викенд Скопје со несебичната поддршка од Македонско модно здружение, Министерството за економија на РМ, Министерството за култура на РМ , Британскиот совет како и партнерите „Текстилното трговско здружение- Текстилен кластер –Македонија” во соработка со фабриките „Okitex”, „La dama”, „Bella”, „AFG” и „Istkomerc Sanda”, „Monika”, Академијата за моден дизајн „Џолев и уметностите” и „Сивус едукативен и развоен центар”.

Освен фотографиите во прилог, повеќе фотографии можете да најдете на следниот линк:

https://wetransfer.com/downloads/f53a9874c90b89ea3e20c435771d0a6b20181114105544/ce0e40

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com