Филмот „250 Скалила“, снимен по идеја на Живко Здравковски, награден и во Милано

0

 

Филмот „250 Скалила“, снимен по идеја на Живко Здравкоски, е единствениот филм што доби две награди во конкуренција на 167-те филма кои беа прикажани на 36. „Светско првенство на телевизија, кино, култура, спорт и комуникација“, што се одржа од 14 до 19 ноември во Милано.

Првата награда во категоријата (една од вкупно девет категории) „Документарец – Тимски Спорт“ ја добија филмовите посветени на кошарката „Сеуште жив“ од Франција и „250 Скалила“.

Инаку, освен првата награда, во сите девет категории филмови беа доделени по неколку идентични награди, наречени “Mention D’Honneur“, а покрај тоа вкупно на целото СП беа доделени и пет специјални награди од кои едната, за дебитантски филм, ја доби „250 скалила“ .

На ова финале претходеа 16 квалификациски фестивали на 5 континенти, од кои еден беше во Златибор (Србија) во јуни каде Гран-При наградата ја освои „250 Скалила“ во конкуренција на 50 филмови од 22 земји. Вкупно беа во конкуренција 970 филмови во оваа 2018 година, а на СП во Милано се квалификуваа 167 филма.

Продуценти на „250 Скалила“ се „ПГМ Нетворк“ и „Спортнетворк“ од Србија. Продуцент е Радован Максимовиќ, автор е Владимир Пајиќ, а режисер Владимир Курчубиќ.

Живко Здравковски е поранешен македонски активен спортски новинар, кој повеќе од две децении е дописник на најстарите светски спортски листови „Ла Газета дело спорт“ од Италија и „Кикер“ од Германија.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com