Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

ФАКТОР БРОЈ ЕДЕН НАЈВАЖЕН ЗА СРЕЌА

0

Постојат разни работи кои не прават среќни,но постои еден фактор,без кој всушност е невозможно да се биде среќен,заклучиле научниците.

За среќа навистина не треба многу.Ако сакате да бидете посреќни, морате да бидете благодарни на добрите работи во животот,дали се работи за мали или големи е заклучокот на големото истражување кое го направи Универзитетот во Калифорнија.

Благодарноста го храни нашиот ум и ги активира повеќекратните мозочни состави,кои влијаат поволно на нашата ментална и  емоционална благосостојба,објаснува професорот по психологија  Роберт Емонс.

Во низата на експерименти Емонс и неговите колеги откриле дека луѓето кога ќе се насочат на она доброто во животот, а не на лошото,во голема мерка чувствуваат среќа и веселба и целосно се задоволни.

Учесниците на студиите кои чувствувале благодарност подобро спиеле, се чувствувале поповрзани со луѓето околу себе, често на другите им нуделе емоционална поткрепа и биле пооптимистични.Дури помалку чувствувале физичка болка од групата која не чувствувала благодарност.

Како да бидете повеќе благодарни?

Еднаш седмично напишете пет работи кои неодамна сте ги доживеале и за кои сте благодарни.Тоа може да биде пријатно дружење со пријателите,добри вести кои сте ги слушнале на работа,може да биде или мала или голема работа,сеедно.Кога ќе го запишете сето она убаво што Ви се случило,кај Вас ќе се разбуди чувството на благодарност.

Дали постојат лоши страни на благодарност?

Доколку поради благодарноста чувствувате дека на таа личност нешто и должите, тоа не е добро.Во такви ситуации искажувањето на благодарност може всушност да Ве изолира и отуѓи од другите луѓе.

Ако благодарноста ја претвориме во личен проект, во кој сме во фокусот ние самите,постои опасност да станеме премногу фокусирани на самите себе и да се грижиме само за својата благосостојба.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com