Уште едно сведоштво зошто Киану Ривс е толку обожуван

0

Киану Ривс е една од омилените холивудски ѕвезди, а интернет е преполн со интересни и духовити приказни за славниот глумец, кои докажуваат колку всушност е тој приземен и колку му се битни обожавателите.

Една од таквите приказни се појави на твитер, а ја сподели Џејмс Детор, кој го запознал Ривс кога имал 16 години. Тој за време на средното училиште работел во едно кино во Сиднеј, каде што една среда претпладне се појавил Киану Ривс, кој во тоа вренме снимал некое од продолженијата на „Матрикс“. Тоа било во 2001 година.

„Работам, се досадувам, и одеднаш влегува типче во фармерки, кожна јакна и со јавачка кацига на главата. Ми требаа 30 секунди да ја игнорирам чудната кацига и да сфатам дека е тоа Киану Ривс“, го започнува раскажувањето Детор.

„Бараше карта за филмот со Џони Деп. Толку бев шокиран дека една ѕвезда е пред мене, што го направив тоиа што секој 16-годишник би го сторил. Му реков дека би сакал да му го дадам мојот попуст за вработените. Тоа би значело дека тој ќе мора да потпише еден лист хартија и дека јас би добил автограм“, објаснува тој.

-Не работам овде, ми рече Киану збунет од мојата понуда. Се збунив и му наплатив по нормална цена. Самиот себе си си се обвинував дека не му земав автограм. Две минути подоцна слушам чукање на вратичката од кутијата каде што ги продавав картите. Мислев дека е шефот. Беше Киану. „Сфатив дека веројатно го сакаше мојот автограм“, ми рече тој „Па го потпишав ова“, ми рече и ми даде сметка од оближниот штанд на кој се беше потпишал. Потоа го фрли сладоледот во канта и влезе да го гледа филмот. Подоцна сфатив дека купил сладолед кој не го сакаше, само за да добие сметка за да може да му се потпише на 16-годишен идиот – ја заклучи својата приказна твитерџијата.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com