Уште две недели до јубилејниот концерт на Дани

0

До најавениот јубилеен концерт на Дани нè очекуваат уште две полни недели работа и подготовки за да се спакува сето она што е предвидено да се чуе и види на сцената на Македонската филхармонија. Дружбата со публиката е закажана на 7 март со почеток во 20:30 часот.

Во рамки на концертот кој, како што вели Дани, ќе се одржи во ’ГРАДОТ ЗА ЉУБОВ’ и ќе значи патување низ нејзината 20-годишна кариера, ќе бидат отпеани сите хитови кои оставиле неизбришлива трага и во нејзината музичка кариера, но и на домашната сцена. Во изведбата на рок симфонијата, како што всушност е замислен целиот концепт, на сцената ќе ја придружува филхармониски оркестар под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Влезниците, кои се во ограничен број, може да се набават преку продажните мрежи на Mktickets.mk и Karti.com.mk.

Во меѓувреме слушајте ја моќната балада „Време“, која вели Дани, е музичка експресија инспирирана од емотивни реалности во која директно се поставува прашањето дали времето е единствениот лек за болката која сите во животот барем еднаш сме ја доживеале. „Време“ е цел роман во кој се опишани десетици години… „Време“ е песна која останува за навек…

https://www.youtube.com/watch?v=8QNoJGYK_Qw

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com