Учителка изолирала 13-годишен ученик болен од рак, мислела дека е заразен

0

Учителка во основно училиште во југоисточна Кина беше суспендирана од работа поради дискриминација на 13-годишниот Џоу Сјаоџоу, ученик болен од рак. Лекарите дијагностицирале не-Хочкин лимфом, поради тоа, наставничката помислила дека тој може да зарази други ученици и го седнала на самиот крај на училницата.

Претходно, момчето за да биде поблиску до неговите родители додека се опоравува од хемотерапијата, се преместил во ново училиште во Фуцзјан.

Таткото еден ден го прашал синот, зошто само тој не добил оценка за испит и ја слушнал застрашувачката приказна. Наставничката му забранила да го полага тестот, затоа што сметала дека Џоу бил заразен. Поради оваа причина, детето пропуштило три испити.

„Можете ли да замислите што се случувало во главата на мојот син за време на испитот, кој траел 45 минути? Тој бил принуден да седи таму како будала. Знаете ли колку му било непријатно?“.

Се води истрага во врска со однесувањето на наставничката.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com