Утка на британските портали: Шарапова изгубила спонзор!?

0

 

Во светот на тенисот се појави нов скандал исфабрикуван од британскиот портал „Сан“ (The Sun), поради објавување непроверена информација за Марија Шарапова – дека има проблеми со спонзорите. Англичаните ја „лишија“ тениската ѕвезда од договорот со спортската компанија „Најк“.

Новинарите напишаа дека главниот спортски бренд за тенисерите и други спортисти, на крајот од оваа година планира да ја прекине 20- годишната соработка со руската петкратна освојувачка на Грен слем турнири.

Макс Ајзенбад, агентот на руската тенисерка, реагирал максимално негативно на оваа британска „утка“: „Зачудувачки е како порталот може да споделува таква лага и притоа да не страда поради тоа. Јас ве уверувам, во 2019 година фановите на Марија Шарапова повторно ќе ја видат во прекрасни фустани“.

Адвокатот на Шарапова побарал статијата да биде остранета од порталот, и тоа било сторено набргу.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com