Успешна турнеја на Влатко Стефановски во Австралија (ВИДЕО)

0

Како што пренесуваат македонските портали од Австралија, Влатко Стефановски со неговото трио имале успешна турнеја изминатиот викенд. Групата најнапред настапи во Мелбурн, потоа во Сиднеј, а последниот настап беше во Перт.

Според првичните реакции, станува збор за незаборавни средби на Македонците што живеат на петтиот континент со музиката на Стефановски, со која досега имаа само индиректен контакт, а сега нашата музичка легенда можеа да ја проследат во живо.

На Ју тјуб веќе се појави и видео од настапот на Влатко Стефановски и неговото трио во Мелбурн.

 

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com