Унгарските новинари му дишат во врат на Груевски(ВИДЕО)

0

Откако вчера унгарски новинар успеа да го фотографира поранешниот македонски премеиер Никола Груевски, кој сега е бегалец од законот, денеска на екипата на унгарскиот портал „24.ху“ и успеа нешто повеќе. Тие го лоцираа Груевски во Будимпешта како руча во познат и скап унгарски ресторан. Груевски не бил сам, него го придружувале неколку лица за кои се претпоставува дека го обезбедуваат, а имал и личен возач. Груевски не одговараше на прашањата од новинарот дали Унгарија му помогнала во бегството и како успеал да избега од Македонија, објави „Макфакс“.

Груевски, според снимката, се превезува со возило од марката „фолксваген шарон“.

За престојот на Груевски во Будимпешта се шират различни информации. Една од нив е дека тој престојува во „Интер Континентал“ или во хотелот „Кемпински“. Двата хотели се наоѓаат во центарот на градот, во близина на местото каде што вчера беше објавена фотографијата на експремиерот. Сè уште не е утврдено кој ја направил фотографијата на Груевски на која може да се види и 26-годишниот Александар Трајковски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба, вработен во Царинската управа и еден од обвинетите за случајот „Насилство во Општина Центар“.

Според информациите на „Макфакс“, Трајковски вчера заминал во Будимпешта во посета на азилантот Груевски.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com