Уметничка се отрула од сопствените скулптури

0

Позната скулпторка од Торонто уште од 2013 година се чувствувала „чудно“, но долго време не можела да дознае која е причината. После пет години скулпторот Џилијан Џенсер  дознала дека причината за тоа е нејзината работа.  Таа веќе 15 години при создавање на своите уметнички дела, користи сини школки. И на тој начин таа несвесно се труела себеси.

Се започнало со зголемена раздразливост, главоболка и повраќање и завршило со губење на слухот на едното уво и проблеми со меморијата. На докторите им биле потребни две години за да ги дијагностицираат отровните својства на школките.

Според Националната организација за ретки болести САД (NORD), труење со тешки метали се јавува само кога голема количина од овие супстанции се акумулира во човечкото тело. Школките со кои работела скулпторката најверојатно биле добиени од вода загадена со индустриски отпад. Како резултат на тоа, по 15 години работа со невообичаен материјал, нивото на арсен и олово во нејзината крв се покачиле.

Лошата вест е дека Џенсер никогаш нема да се опорави целосно. Добрата вест е дека жената ќе продолжи со нормален живот и покрај се што и се случило.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com