Увид на местото на убиството на бабата, внукот во притвор

0

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје раководи со увидот на лице место во скопско Драчево, каде што доцна попладнево беше пронајдено безживотно тело на 66-годишна жена.

Според првичните информации, станува збор за насилна смрт, а извршителот сам се пријавил и е задржан во полициска станица. Станува збор за момче на возраст од 20 години, внук на починатата.

Жената била убиена со нож , а убиството било извршено на улицата ,,Анотн Димитров” ; каде што живеел внукот. Според полицијата , станува збор за 20 годишниот А.Р.

По наредба на јавниот обвинител во моментов се подигаат материјални траги пронајдени на лице место, а телото на починатата ќе биде предадено на обдукција, се наведува во соопштението од Основното јавно обвинителство.

Од МВР најавуваат повеќе детали кога ќе заврши увидот и распитот на внукот.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com