Уапсен Сашо Мијалков?

0

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков вечерва со лисици е изнесен од хотелот Мериот во Скопје и во моментов се носи во Истражниот затвор во Шутка, објави 1ТВ.

На Сашо Мијалков му е одреден 30 дневен притвор , потврди СЈО за Канал 5, а во моментов се спроведува во затворот во Шуто Оризари. Тој е притворен на барање на СЈО. Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1, попладнево му одредил мерката притвор .

Притворот е на барање на СЈО, за случајот „Таргет – Тврдина“. Мијалков е обвинет во „Тврдина-Таргет“, „Трезор“, „Тортура“ и „Титаник 2“, предмети на СЈО.

Се уште нема официјална потврда за оваа информација и што точно се случувало вечерва во хотелот Мериот. Повеќе информации се очекуваат во текот на вечерта.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com