Трчањето го подобрува начинот на живот

0

Верувате ли во изреката во здраво тело здрав дух?

Истражувањата докажаа дека со вежбање, посебно со кардио тренинг, како што е трчањето, можеме потполно да делуваме на здравјето на телото и психата. Многумина кои почнале да трчаат  ќе Ви кажат дека тоа сосема им го променило животот.

Некој трча поради кондиција, некој да ги зајакне мускулите, а некој пак да го реши проблемот со килограмите.

Многу истражувања потврдија дека со трчањето помалку се разболувате и сте задоволни самите со себеси.

-Со трчањето, според Универзитетот Monash од Австралија, се зголемува создавањето на рскавицата, што може да ги заштити Вашите зглобови од артритис.

-Го изострува слухот. Жените кои се физички активни имаат 6 отсто поголеми шанси за подобар слух од оние кои не се занимаваат со никаква физичка активност. Имено, трчањето ја подобрува циркулацијата во увото.

-Ја уништува мигрената. Тримесечното истражување спроведено во Шведска, докажало дека со трипати трчање седмично по 40 минути им се намалиле мигренозните болки.

-Трчањето ги намалува потешкотиите и депресијата. Доволни Ви се само 5 минути на ден.

-Ја зголемува мозочната активност.

-Го намалува заморот.

Paul Lopnnizi од Универзитетот Bellamine,ја истражил поврзаноста на телесните вежби и заморот на повеќе од 2600 луѓе. Резултатите покажале дека оние кои трчале барем 15 минути во текот на денот, помалку чувствуваат замор и немаат грчеви во нозете.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com