Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Трпчески со регионална премиера на „Македонисимо“ на „Коларац“ во Белград

0

Импресивниот прием на проектот „Македонисимо“ ширум светот се потврди и на регионалната премиера на престижната сцена на „Коларац“ во Белград, во рамките на циклусот „Рефлексии на Бемус“. Како што најавија домаќините, „еден од најбараните светски уметници на својата генерација, македонскиот пијанист со светско реноме Симон Трпчески го претстави својот нов емотивен проект“ инспириран од „македонската народна музика која го ужива почитувањето на етномузиколозите и публиката ширум светот“.

На еуфоричниот прием и овациите од белградската публика, Трпчески и пријателите Александар Краповски на виолина, Александар Сомов од Бугарија на виолончело, Хидан Мамудов на кларинет, саксофон и на кавал и Влатко Нушев зад удиралките, по изведбата на препознатливите македонски ритми аранжерски облагородени од нашиот композитор Панде Шахов, низ кои провејуваат Буфчанско, Малешевка, Црногорка, Беранче, Велигденско, Пелистерско, Поступано, но и Филка мома, Чие е она девојче,… возвратија и со специјалниот бис од преработка на две српски ора.

Во изјавата за Македонското радио, очигледно расположен по концертот Трпчески подвлече: „многу му се радувам на овој концерт во Белград и ми е многу мило како помина. Центарот на белградските фестивали не’ покани да го претставиме нашиот проект и за нас беше предизвик пред белградската и српската публика кои многу пати до сега покажале дека ја познаваат и сакаат македонската музика, да го изведеме Македонисимо. Драго ми е што и ние и публиката имавме една вистинска предновогодишна концертна забава“.

80-минутниот проект „Македонисимо“ минатиот месец со голем успех беше изведен повторно низ Велика Британија (Ливерпул и Бирмингем), а веќе привршува и прецизирањето на термините за наредниот период (регионот, Скандинавија, Велика Британија, САД и Азија).

Фото: КултурОп

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com