Тројца политичари вмешани во аферата со бугарските пасоши

0

Красимир Каракачанов, Екатерина Захариева и Андреј Ковачев, се тројцата еминентни  бугарски политичари кои како последни се појавија во аферата со незаконско продавање бугарски пасоши за странци, открива Еурактив.

Нивната поврзаност во скандалот за Еурактив ја открива Катја Матева  екс-директор на Советот за државјанство.

Матева тврди дека таа во 2016-та година стопирала 7.000 сомнителни барања за издавање потврди за потекло, со што го навлекла бесот на заменик премиерот. Каракачанов побарал од Захариева, која во тој период била министерка за правда, да ја отпушти Матева и да го одблокира процесот за издавање пасоши на странци.

Според неа, вицепремиеот  Каракачанов земал меѓу 550 и 1.500 евра од секој  Македонец кој аплицирал за бугарски пасош во оваа шема, а дневно имало меѓу 150 и 200 кандидати.

Захариева и  Ковачев  изјавија дека се изненадени од обвинувањата.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com