Трета вечер на Модниот викенд Скопје

0

Моден викенд Скопје продолжува со презентација на најновите колекции на домашни и дизајнери од регионот со темата „Модата како дел од екосистемот. Одржлива приказна“ во „Скопје Мериот Хотел“ како официјална локација на оваа престижна манифестација.
Четиридневното модно случување вечерва ќе понуди модна ревија на студентите од академијата „Џолев и уметности“. Квалитетот и напредната технолошка доработка се главните императиви при креирање на секое парче накит на „SIGMA“ и на нивната најнова колекција наречена „Future now“. Веднаш потоа ќе ги видиме моделите на „Matrons dresses“ и за крај на вечерта ревијата на Олгица Ѓоргиева и новата колекција „Bridges“ поддржана од „БИСИ“.
Есенското издание на Моден викенд Скопје 2018/2019 утревечер ќе го затворат модните парчиња на „error kolektiv“ и нивните три брендови: „Atami“, „Em Ellephantski“ и „[0.10] error of harmony“. Потоа ревијата на Сара Реџиќ и за крај на вечерта Александра Јовановска со ретроспективна ревија и колекцијата „Архетип“ од десет годишното творештво како моден дизајнер.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com