Трајковски не бил единствениот цариник во посета на Груевски?

0

Александар Трајковски, кој пред некое време беше фотографиран во Будимпешта во друштво на екс-премиерот во бегство, Никола Груевски, најверојатно не бил единствениот вработен од Царинската управа на Македонија, што бил на средба со поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, кој минатиот месец доби азил во Унгарија, објави „Дојче Веле“.

Според неофицијалните информации кон Будимпешта со возило од Скопје тргнале уште две лица. Според изворите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, за нив е познат идентитетот на едниот кој во полупрофил е снимен на 12-ти декември од унгарската „24“, кој разговара и седи непосредно до Груевски во ресторан во Будимпешта.

Според нив, на снимката е лице од Скопје, кое исто така е вработено во Царинската управа на Македонија. Според соговорниците на „Дојче Веле“, тој бил член на ВМРО-ДПМНЕ, но, не бил познат за пошироката јавност.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com