Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Топ – 6 дестинации за оваа зима

0

 

Доколку сте изморени од секојдневната работа и сакате малку одмор, имаме за вас предлог како да го смените тоа. Купете авионска карта и впуштете се во нова авантура во едно од понудените места. Што и да изберете, нема да згрешите.

  1. Канарски острови

Првото нешто што треба да го знаете – постојано сонце и топлина не е гарантирано во зимскиот период на Канарските острови. Канарските острови се архипелаг во Атлантикот – има шанса да имате малку ветер, па дури и дожд. Можете да седнете во бар и да уживате во прекрасната природа  со џин тоник во рака. Очекувајте дневни издигнувања на температурата до околу 17°C во јануари. Ќе ги направите сите љубоморни, кога ќе објавите фотографија како јадете морска храна, облечени во маица со кратки ракави и со очила за сонце.

  1. Мароко

Доколку сакате да ги избегнете ладните зимски денови, Марко е секогаш одличен избор. Ќе почувствувате пријатни сончеви зраци, но и нема да ви биде премногу топло.  Доколку сте расположени за прошетка и сакате да се запознаете со оваа магична земја, најубаво тоа да го направите во зима.

 

  1. Кипар

Посетете го Кипар во зима, искористете ги пониските цени за сместување, видете ги сите неверојатни археолошки локалитети, целосно искористете ги сите активности на отворено.

  1. Франција

Ако се решите да патувате во оваа прекрасна земја, немојте да заборавите да го посетите Гренобл. Градот се наоѓа во југоисточна Франција, близу до Алпите и нуди голем број скијачки центри. Шамони, Валморел, Куршевел… може да продолжиме да набројуваме, но веќе ви е јасна идејата.

  1. Австрија

Доколку знаете да скијате, уживате во чистиот зимски воздух со штрудла и звукот на музиката – тогаш Австрија е дестинација само за вас. Кицбил, Цилертал се само неколку од прекрасните одморалишта во ова мало алпско богатство. Но летањето до Салцбург е исто така добра опција за секој кој сака кратка скијачки пауза – има одлични скијачки центра кои се наоѓаат само на еден час од аеродромот.

  1. Бугарија

Ако не сте спремни да патувате со авион, запалете го вашиот автомобил и отидете на викенд во Банско, Бугарија. Може скијачките центри во споредба со алпските се релативно мали, но тие се одлични за почетници. Исто така ќе уживате во традиционалните пабови со ефтина, но вкусна храна и вино.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com