Тифани Трамп експресно ја напушти Србија

0

Ќерката на претеседателот на САД, Доналд Трамп, Тифани Трамп, рано изутринава ја напушти Србија. Тифани на белградскиот аеродром пристигна со придружба и многу обезбедување и заедно со својоето момче Мајк го напуштија Белград.

Иако Тифани требаше да остане 11 дена, поради непознати причини нејзиното обезбедување донесе друга одлука и таа експресно ја напушти Србија.

Како што пренесоа српските медиуми, ќерката на Трамп во Белград дошла, меѓу останатото, за да се види и со лекари кои се занимаваат со интегративна медицина.

Овој вид на лекување, кој е се уште во развој, претставува најдобар спој од научната медицина и клинички докажаните методи на комплементарни и традиционални гранки на медицината.

На Тифани и е направен детален преглед и дадени и се совети како да го подобри начинот на живот низ исхрана и физичка активност.

Бидејќи податоците за пациентите се строго доверливи, а тука станува збор за ќерката на претседателот на САД, никој не знае дали Тифани има одредени здравствени проблеми или отишла превентивно.

„Не знам кој ви го рекол тоа. Не би сакал да зборувам на оваа тема“ – кратко одговорил Момир Дуњиќ, кој не демантирал дека Тифани Трамп била негов пациент.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com