Тинејџер му се заблагодарил на Ештон Качер што го удрил со кола

0

Додека 40-годишниот американски актер Ештон Качер се возел на својот електричен автомобил „Тесла“ во Лос Анџелес удрил во еден скутер. Скутерот го возел тинејџерот Лео Марењи кој воопшто не се вознемирил, туку, напротив, му било многу драго што ја има таа чест да се запознае со големата ѕвезда.

Лео Марењи работел како бејбиситер и додека возел за да ги земе децата од училиште, одеднаш бил погоден од црната „Тесла“. Исплашено, возачот на колата искочил и прашал дали е се е во ред со повреденото лице.

-Тоа беше Ештон Качер! Не можев да поверувам на своите очи! Јас пораснав гледајќи ги неговите програми – рече тинејџерот, кој за негова голема среќа заврши само со лесни гребнатинки на телото. Тој воопшто не бил вознемирен после несреќата, туку бил многу возбуден и среќен што може да направи фотографија со својот идол.

После заедничката фотографија, и двајцата учесници на сообраќајната несреќа се разделиле со насмевка на лицето.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com