Терминатор се врати во кината со старите ѕвезди (ВИДЕО)

0

Џејмс Камерон, Арнолд Шварценегер и Линда Хамилтон повторно се собраа!

„I’ll be back”! – Славната реплика од најомилениот робот кој го толкува Арнолд Шварценегер во филмот „Терминатор“ од 1984. година ги исполнил очекувањата на љубителите на франшизата.

Од 31. октомври во кино салите ќе се најде филмот „Терминатор: Мрачна судбина“, кој претставува, како што авторите најавуваат, продолжување на вториот дел од филмот од 1991. година и кој повторно ќе ја собере старата, добро позната екипа – Арнолд Шварценегер во улогата на Терминатор и Линда Хамилтон во улогата на Сара Конор.

Освен актерската екипа позната по приказната за роботот, после скоро 30. години се враќа и Џејмс Камерон, филмаџија од кого се’ започнало. Овојпат само во улога на сценарист. Неговите филмови, првиот „Терминатор“ од 1984. година и уште попознатиот втор дел на „Термиантор 2 Суден ден“, што тој го режираше, одбележаа крај на една ера.

Иако направил пауза во креирањето на Терминатор и франшизата им ја препуштил на други филмски работници, според зборовите на актерите, за ова шесто продолжение на филмот Камерон бил многу заинтересиран и вклучен:„Знаете дека Терминатор е неговото ‘бебе’ и многу е присутен на снимањето“, рекол во едно интервју Арнолд Шварценегер.

Ова последно продолжение на приказната за Терминатор го снимал студиото на 20th Century Fox, а режисерската палка му ја препуштил на Том Милер („Дедпул“), а во останатите улоги се нашле и глумците Натали Рејес, Габриел Луна, Дијего Бонета, Мекензи Дејвис и други.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com